149
делови. Држете го уредот подалеку од телото во
согласност за барањето за оддалеченост.
Информации за сертификатот (SAR)
Овој уред ги исполнува упатствата за изложување на
радиобранови.
Уредот е радио-примопредавател со мала моќност.
Како што е препорачано со меѓународните упатства,
уредот е конструиран така што не ги надминува
ограничувањата за изложеност на радиобранови.
Овие упатства се изготвени од Меѓународната
комисија за заштита од нејонизирачки зрачења
(ICNIRP), независна научна организација, и
вклучуваат безбедносни мерки составени за да
осигураат безбедност за сите корисници, без оглед на
возраста и здравјето.
Специфичната стапка на апсорпција (SAR) е единица
мерка за количеството радиофреквентна енергија што
ја апсорбира телото кога користи некој уред.
Вредноста на SAR се одредува на највисокото
одобрено ниво на моќност во лабораториски услови
,
но вистинското ниво на SAR на уредот додека работи
може да е многу пониско од таа вредност. Причината
за ова е тоа што уредот е конструиран да ја користи
најмалата моќност потребна за комуникација со
мрежата.
Ограничувањето на SAR усвоен во Европа е 2.0 W/kg
во просек на 10 грама ткиво, а највисоката вредност на
SAR на овој уред е во согласност со тоа
ограничување.
Највисоката вредност на SAR за овој уред при
тестирање за употреба на уво е 0,522 W/kg, а кога се
носи правилно на телото е 0,548 W/kg.
Изјава
Ние, Huawei Technologies Co., Ltd., изјавуваме дека
овој уред е усогласен со неопходните барања и
другите соодветни одредби од Директивата 1999/5/EЗ
и Директивата 2011/65/ЕУ.
Comentários a estes Manuais